Filters
Пребарување
ТЕКСОМАК ДОО

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ТЕКСОМАК е компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад. Мисијата на ТЕКСОМАК е да го собира селектираниот текстилен отпад од идустријата и граѓаните на Македонија преку создавање на инфраструктура, едукација и соработка со сите чинители на текстилниот вредносен синџир.

Подетално за компанијата

ТЕКСОМАК е компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад. Компанијата ТЕКСОМАК доо Скопје, е основан во декемвр 2023 година и се здоби со дозвола за постапување со текстилен отпад издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање.

ТЕКСОМАК е отворена за соработка со сите компании кои имаат законска обврска да воспостават систем за управување со текстилниот отпад (производители и увозници на текстилни производи). Основната дејност на компанијата е да управува со текстилниот отпад според начелото „загадувачот плаќа” и во согласност со Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови со цел да се исполнат националните еколошки цели.

Според овој закон сите компании што произведуваат или увезуваат текстилни производии и ги пласираат на македонски пазар, имаат обврска да организираат систем што ќе го собира, селектира и рециклира текстилниот отпад што настанува по консумирање на нивните производи од страна на крајните потрошувачи.

teksomak-clubeconomy

Мисијата на ТЕКСОМАК е да го собира селектираниот текстилен отпад од идустријата и граѓаните на Македонија преку создавање инфраструктура, едукација и соработка со сите чинители на текстилниот вредносен синџир со што ќе придонесе за зачувување на здравата животна средина.

Визијата на ТЕКСОМАК е да ја намали количината на текстилен отпад во Македонија преку промовирање на индивидуална и општествена одговорност и едукација за собирање, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад.

teksomak-clubeconomy
teksomak-clubeconomy

Секое парче текстил се брои!

Регистрирајте го вашиот текстил и станете дел од мрежата на одговорни компании кои активно го намалуваат негативното влијание врз природата и ја поттикнуваат циркуларната економија.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Коле Неделкоски бр. 6, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)75/388 453

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа