Подетално за компанијата
Ресторанот АМБИЕНТ се наоѓа во пробиштипското село Пишица, сместено во подножјето на планината Манговица, во исклучително чиста еколошка средина, со богата и специфична кулинарска тредиција, од која дел може да провате и од кујната на ресторанот. Угостителскиот објект го добил името по убавиот амбиент во кој е сместен. Три езерца по кое пливаат шатки, лебеди и други птици, голем двор богат со зеленило низ кој шетаат пауни и ентериер и екстериер што целосно се вклопуваат во оваа природна идила. Амбиент, од кој буквално произлегува името на ресторанот АМБИЕНТ и претставува само најава дека приказната продолжува со нови кулинарски доживувања.


Кујната на АМБИЕНТ е со богато мени во кое има традиционални јадења од Злетовско пробиштипскиот регион, како што се специјалитетите под сач и печеното месо или риба во фурна на дрва, па се до морски спецјалитети, пици и други интернационални јадења кои добиваат посебен вкус, бидејќи се подготвуваат на дрва. За љубителите на шумско овошје нудиме овошни купови од свежа шумска капина, собрано од злетовскиот еколошки чисти планински појас.
Ресторанот е посебен и по тоа што гостите можат да го набљудуваат подготвувањето на нивните јадења, а убавиот мирис и вкус и врвната услуга го надополнуваат чувството дека сте доживеале нешто што не се заборава.

Контакт информации
Адреса
Улица: Село Пишица, 2210 Пробиштип
Град: Пробиштип
Држава: Македонија
