ПРОИЗВОДИ
Подетално за компанијата
ИНТЕР КОНСТРАКШН е иновативна компанија основана за да одговори на зголемената побарувачка за висококвалитетни одржливи инфраструктурни решенија, особено во секторот за отпадни води и канализација. Со тим од искусни посветени професионалци, брзо изградивме силен, препознатлив бренд во индустријата.


Со употреба на напредни производни процеси, сме специјализирани за испорака на инфраструктурни решенија со високи перформанси кои се издржливи и исплатливи. Нашиот иновативен пристап гарантира производ дизајниран со прецизност, задоволувајќи ги различните и развојните барања и потреби на дизајнерите на системи за канализација. Преку постојано подобрување на производните процеси, следејќи ги правилата на зелената индустријализација, jа подобруваме одржливоста и ефикасноста на нашите производи, константно намалувајки го процентот на отпад и одржувајќи го супериорниот очекуван квалитет.
Посветеност на квалитетот во ИНТЕР КОНСТРАКШН се рефлектира во сертификатите кои ги имаме: ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018, кои jа потврдуваат нашата посветеност на одржување на највисоките стандарди во производството, управување со животна средина и безбедноста на работното место. ИНТЕР КОНСТРАКШН обезбедува сеопфатни техники и функционални решенија дизајнирани да ги задоволат различните потреби на индустриите ширум светот, обезбедувајќи највисоко ниво на перформанси и задоволство на клиентите.


Нашата мисија е да понудиме конкурентни цени без компромиси за извонредноста, обезбедувајќи задоволство на клиентите преку доследни повратни информации и супериорна услуга. Нашата визија е да станеме водечки снабдувач на иновативни и одржливи пластични производи за инфраструктура, специјализирани за шахти во канализационите системи и да го прошируваме присуството на глобалниот пазар.
Контакт информации
Адреса
Улица: Индустриска зона бр. 2, село Прдејци, 1480 Гевгелија
Град: Гевгелија
Држава: Македонија










