Filters
Пребарување
ПЧЕЛАРСТВО ДОЧИНСКИ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

ПЧЕЛАРСТВО ДОЧИНСКИ се занимава со производство на органски малешевски мед МАЛЕШ

100% природен мед - Од малешевскиот крај

Дар од природата, здравје за Вас 

СЕРТИФИКАТИ

Сертификат за органско производство

ПЧЕЛАРСТВО ДОЧИНСКИ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

ПЧЕЛАРСТВО ДОЧИНСКИ се занимава со производство на органски мед од срцето на Малешевските планини, под брендот МАЛЕШ. Медот е со органски сертификат и е 100% природен. Семејството Дочински со пчеларство се занимаваме 15 години, а во овој наш семеен бизнис се вклучени сите членови, дури и дечињата. Пчеларниците се распоредени на седум внимателно одбрани локации на Малешевските планини: Широки Дол – Владимирово, Бариица – Владимирово, Мачево, Митрашинци.

pcelarstvo-dochinski-clubeconomy

Произведуваме планински и ливадски мед со сертификат за органско производство. Освен овие два вида мед ги имаме и сите пчелни производи, како: матичен млеч, полен, прополис, перга... Произведуваме и мешавини на мед со семе од коприва, со полен, со прополис, перга, мед со млеч... Во нашата понуда имаме и јаболков оцет од диви јаболки и боров сируп. За првпат во Македонија на пазарот понудивме и мед со лиофилизирано суво овошје.

На меѓународни натпревари ПЧЕЛАРСТВО ДОЧИНСКИ има добиено 10 златни медали.

Имаме организирана достава на сите наши производи низ цела Македонија, дел лично, дел по карго.

pcelarstvo-dochinski-clubeconomy
pcelarstvo-dochinski-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Брдославица бр. 35, 2330 Берово
Град: Берово
Држава: Macedonia


Телефони

+389 (0)71/386 198

Социјални медиуми

Лице за контакт

Гоце Дочински