Filters
Пребарување
СИСКОН ДПТУ дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

SISKON е инженерска компанија специјализирана за интегрирани системи за автоматизација, електроенергетика и управување со индустриски процеси.
Компанијата реализира мултидисциплинарни инженерски проекти и нуди консалтинг, проектирање, програмирање, пуштање во работа и техничка поддршка.
Решенијата се изведуваат по принципот „клуч на рака“, со примена во индустријата, електраните, рударството, трафостаниците и објектната автоматизација.

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001:2015
ISO 14001:2015
ISO 45001:2018
ISO 50001:2018
ISO 27001:2022

СИСКОН ДПТУ дооел

Подетално за компанијата

СИСКОН

ПАРТНЕРИ

Подетално за компанијата

SISKON – Скопје е инженерска компанија основана во 1995 година, специјализирана за интегрирани системи за автоматизација, електроенергетика и управување со индустриски процеси. Компанијата реализира мултидисциплинарни инженерски проекти и нуди консалтинг, проектирање, програмирање, пуштање во работа и техничка поддршка. Решенијата се изведуваат по принципот „клуч на рака“, со примена во индустријата, електраните, рударството, трафостаниците и објектната автоматизација.

Проектирањето се изведува со современи инженерски алатки, меѓу кои EPLAN, како и со внимателен избор на висококвалитетна електроопрема. Во своите решенија компанијата применува опрема и технологии од реномирани светски производители, како: SIEMENS, RITTAL, PHOENIX CONTACT, LAPP и KLAUKE.

siskon-clubeconomy
siskon-clubeconomy

Искуството на SISKON опфаќа автоматизација на трафостаници со SIPROTEC и SICAM системи, како и индустриски системи базирани врз SIMATIC и WinCC. Компанијата реализира и системи за мерење, дозирање, транспорт, управување и регулација на различни индустриски процеси.

Покрај реализацијата на нови системи, SISKON обезбедува модернизација и надградба на постојни решенија, резервни делови, тестирање и сервисна поддршка.

Посебно внимание се посветува на фабричките и теренските тестирања, сигурноста на системите и нивната долгорочна функционалност.

Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Ташкентска бр. 4а, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Владимир Дилевски


Мапа

Документи