Подетално за компанијата
Компанијата СУПЕР СКЕЛЕ се занимава со изнајмување и професионална монтажа на градежни скелиња – сложени модуларни конструкции за внатрешни и надворешни работни зони, со приспособување на специфичната геометрија на објектот. Имаме докажан капацитет за големи станбени, деловни и индустриски објекти.

ПРОФЕСИОНАЛНА МОНТАЖА, МАКСИМАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, НОВИ СКЕЛИЊА
Располагаме со индустриски модуларни скелиња, фасадни модуларни скелиња и системски модуларни скелиња, што ни овозможува да учествуваме во изградбата и на најголеми и најсложени објекти. Работата на компанијата СУПЕР СКЕЛЕ се темели врз високо ниво на организација, прецизно планирање и почитување на најстрогите безбедносни стандарди, обезбедувајќи континуирана поддршка за непречено одвивање на градежните работи.


Тимот на СУПЕР СКЕЛЕ е обучен за бота по фази и паралелна координација со повече изведувачи. Способни сме да обезбедиме паралелна поддршка на повеќе објекти со фокус на безбедноста и континуитет на градежните работи. Располагаме со системски скелиња што ни овозможува да учествуваме во реализацијата на големи станбени комплекси, со континуирана динамика и логистика на повеќе фасадни фронтови.
Од големиот број објекти во чија изградба сме учествувале, со гордост би ги издвоиле: Црквата СВЕТА СОФИЈА во Скопје, LIDL Logistic Center – Куманово, GRAND СКОПЈЕ, Порта SUPERIUM, Треска REZIDENCE...
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Индустриска бр. 6, 1300 Куманово
Град: Куманово
Држава: Macedonia
Мапа
Документи
