Подетално за компанијата
ЕХИ
ЕХИ доо е специјализирана компанија за изведба, проектирање, реконструкција и санација на:
- системи за водоснабдување и канализациони системи
- гасоводни системи
- пумпни и филтер станици, резервоари
- прочистителни станици, сепаратори на масти и масла
Нашата фирма располага со сертифицирани монтери на цевки за електрофузионо и челно заварување, како и искусен стручен кадар и опрема за успешно решавање и на најсложените задачи поврзани со изведбата на овие објекти.
Во рамките на својата дејност ЕХИ ДОО се занимава со изведување на подземна инфраструктура со хоризонтално машинско бушење (без вршење на ископ).
Нашите услуги вклучуваат изведба и санација на сите видови на цевководи и кабелски инсталации под патишта, железнички пруги, постоечки градежни објекти и друга инфраструктура без копање на ровови.


Третман на вода
ЕХИ дооел е компанија со широк спектар на производи и услуги на подрачјето на третман на комунални, индустриски, питки и процесни води. Со долгогодишното искуство достигнавме препознатлив квалитет на пазарот, кој придонесе за зачувување и заштита на околината. Различните технологии кои ги применуваме во секојдневното работење ни овозможуваат да ги задоволиме сите специфични потреби на купувачите, при што заштитата на околината е на прво место.
Сите наши системи се проектираат и се изработуваат во согласност со Европските норми, и се атестирани од страна на акредитирани институции за контрола на квалитетот. Во целокупното работење на компанијата имплементиравме интегриран систем на управување со квалитет, животна средина и безбедност на работа согласно со меѓународните стандарди ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001:2007.
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. 112 бр. 219, Ќојлија, Петровец
Индустриска зона Ќојлија, Петровец,
1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт
Предраг Миливојевиќ
