Filters
Пребарување
ЕВРО ШПЕД

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ЕВРО ШПЕД се занимава со:

Услуги во меѓународен транспорт со камиони ладилници
- Располагаме со сопствен возен парк со највисоки Euro 6 стандарди, не постари од 3 години

ЕВРО ШПЕД Бугарија - претставништво во Петрич

Подетално за компанијата

ЕВРО ШПЕД

Транспортната компанија ЕВРО ШПЕД од Кавадарци е основана 1994 година и сите овие години сме активно присутни во меѓународниот транспорт. Денес може да се пофалиме дека компанијата, покрај во Македонија, има свое претставништво и во Бугарија и дека има флота на камиони со највисоки стандарди (Euro 6), не постари од 3 години. Секој камион има соодветна ладилник полуприколка.

evro-sped-clubeconomy

КВАЛИТЕТНА УСЛУГА

ЕВРО ШПЕД на своите клиенти им гарантира квалитетна услуга, максимална сигурност и навремен транспорт на стоките, по конкурентни цени. За да одговориме на барањата на пазарот и да останеме доследни на високиот квалитет и професионалност, што самите си ги наметнавме во работењето, постојано работиме на усовршување на тимот, како и на отворање нови пазари преку воспоставување соработка со нови партнери и корпоративни певозници.

evro-sped-clubeconomy
evro-sped-clubeconomy

СИГУРНО, БРЗО И ТОЧНО

ЕВРО ШПЕД е компанија која е способна и целосно технички и кадровски екипирана да го организира и реализира превозот на вашите стоки: сигурно, брзо и точно. Тоа е главната причина зошто не сметаат за една од најдобрите транспортни компании во Македонија.

ТРАНСПОРТНА МРЕЖА

Во секое наше возило е инсталиран систем за саталитско следење (GPS), што овозможува да ги следиме возилата од нивното товарање до местото на растоварање на стоките, со преглед на моменталната положба на возилото. Ова заедно со професионалноста на возачите, овозможува стоките да бидат правилно и безбедно натоварени, транспортирани и испорачани во согласност со желбите на клиентите. ЕВРО ШПЕД има изградено транспортна мрежа низ цела Европа, при што првенствено сме фокусирани на Западна Европа, спроведувајќи транспорт на стоки од и кон Западна Европа и балканските земји.

evro-sped-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Цветан Димов бр. 22-2/2, 1430 Кавадарци
Ул. Вардар 4, 2850 Петрич, Бугарија - Претставништво

Град: Кавадарци
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт

Зорица Ѓорчева


Мапа