Filters
Пребарување
ФОРТЕКС ГРУП

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ФОРТЕКС произведува високо квалитетни машки и женски кошули.Таа е eдинствен бренд во Македонија кој произведува индивидуални корпоративни униформи што максимално ќе ги задоволат вашите желби и вкус

Подетално за компанијата

ФОРТЕКС е модна компанија која произведува високо квалитетни кошули. Компанијата ФОРТЕКС е единствен македонски бренд кој нуди уникатна можност да дизајнирате 3D кошули од вашите соништа. Дизајнирани и кроени по ваши мерки, изработени по системот MTM, односно, made-to-measure, што значи изработка по мерка.

ФОРТЕКС произведува машки и женски кошули. Тој е eдинствен бренд во Македонија кој произведува индивидуални корпоративни униформи со што максимално се задоволуваат вашите желби и вкус. Нашите производи се изработени од високо квалитетен текстил, со потекло од Холандија, Италија, Германија, Данска, Австралија...

Кошулите на ФОРТЕКС се ултра удобни и модерни, со голем број детали, везови и модели. Разновиден избор и стил, почнувајќи од формална, па се до кежуал и урбан стил.

fortex-clubeconomy

Едноставно, ние ви нудиме гаранција и квалитет!

Нудиме производи направени во согласност со европските стандарди. Континуирано инвестирање во нови машини, напредна технологија и идеални работни услови. Грижејќи се за вработените со цел да бидат во можност да постигнат врвни резултати преку мотивираност и лубов кон работата.

fortex-clubeconomy
fortex-clubeconomy

Униформи - Бизнис и секојдневни

- Машки и Женски модели

- Изработени по индивидуални мерки или по стандардни мерки

- Ваш уникатен дизајн

- Везење - Ваш текст или лого

- Без минимална количина за корпоративна нарачка

- Брз рок на изработка

- Врвен квалитет на сите материјали за изработка

Академија ФОРТЕКС

Единствена можност да научите да кроите и шиете облека, како хоби или можност за заработка!

Програмата “Изработка на машка и женска кошула” – основно ниво, е наменета  за работно оспособување на кандидатите за шиење. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите за полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и во организација и реализација на процесот на шиење. При обуката се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање, цртање), практични методи (практична работа – вежби) кои му овозможуваат на кандидатот континуирана активност за време на целата обука. Програмите опфаќаат изработка на кроеви според дадени мерки, нивна модификација, кроење и шиење на парчиња облека кои може да се носат, со акцент на практичната работа.

fortex-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Тајмишка бр. 64, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)70/668 773

Социјални медиуми

Лице за контакт




Документи