Подетално за компанијата
Компанијата МИПИ ПАК се занимава со производство на транспортни кутии од брановиден бел и кафеав картон, достапни во сите димензии и дебелини на картон, според потребите на клиентите. Изработуваме кутии од трослоен и петтослоен картон со можност за производство по нарачка, во различни форми и модели: стандардни кутии, кутии со капак, печатени со лого, а изработуваме и специјални индустриски решенија.


Кутиите на МИПИ ПАК се наменети за транспорт, складирање и пакување на различни производи, обезбедувајќи високо ниво на заштита, стабилност и издржливост. Производството се одвива со модерни машини и современа технологија, употребуваме исклучиво квалитетни материјали што се заедно ни дава можност да гарантираме максимална прецизност, брза испорака и можност за мали и големи серии.
МАТИВА дооел е компанија која се занимава со производство на секаков вид етикети за текстилната индустрија, везење на автоматски машини изработка на везови, како и изработка на секаков вид печат, почнувајќи од сито, па се до дигитален принт.
МАТИВА е основана во 2005 година. Започнавме со производство на етикети за текстилната индустрија. Постојано инвестиравме во осовременување и зголемување на производството, а следниот чекор беше набавка на автоматски машини за везење и изработка на везови, сегмент во кој со максимална прецизност изработуваме и најкомплицирани дизајни. Почнавме да работиме и со CAD систем, односно изработка на базни шаблони и шаблонски ленти за кроење во текстилната индустрија. Во 2015 година МАТИВА започнува и со печатење на секаков вид текстил.

Денес МАТИВА поседува огромен капацитет за везење и производство на етикети за текстилната индустрија и изработува секаков вид на принт, почнувајќи од сито печат, па се до дигитален принт. Во нашето производство користиме исклучиво врвни материјали и репроматеријали од светски познати добавувачи, со што достигнуваме висок квалитет на се што нудиме.


Сите наши производи се произведени по европски стандарди и со OEKO-TEX сертификати, а ова го постигнуваме со континуирано инвестирање во нови и посовремени дигитализирани машини.
Нарачајте текстилни етикети, везење или принт изработени по европски стандарди, со OEKO-TEX сертифицирани материјали.
ЗА ВАШИОТ ДИЗАЈН, НАШАТА ПРЕЦИЗНОСТ.
Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Гоце Делчев бр. 149, 2000 Штип
Град: Штип
Држава: Македонија
