Подетално за компанијата
Приказна на АУТО ГЛАС ОЛИМПИЈА- ИЛ започна во 2000 година, со едноставна идеја - да обезбедиме сигурни стакла за автомобили за различни брендови. Она што започна како мал локален бизнис прерасна во сериозна компанија со повеќе децениско искуство, посветена на довербата на клиентите. Стекнувањето на довербата на клиентите е наш највисок приоритет, заради што во секој проект се фокусиравме на испорака на трајни решенија.


Компанијата АУТО ГЛАС ОЛИМПИЈА- ИЛ се занимава со продажба и монтажа на авто стакла за сите видови возила, мали и големи камиони, комбиња, автобуси, трактори, багери... Во АУТО ГЛАС ОЛИМПИЈА- ИЛ во секој момент располагаме со авто стакла за сите марки возила и нивните брендови, а доколку се работи за стакло кое го немаме во нашиот сервис, имаме можност да го обезбедиме за ден или два.
При набавката на авто стаклата и репроматеријалите за нивна мотажа ги следиме највисоките стандарди за квалитет на пазарот. Во сервисот на АУТО ГЛАС ОЛИМПИЈА- ИЛ постои можност да се направи и репарација на стаклото доколку оштетувањето тоа го дозволува. Посебен сегмент во АУТО ГЛАС ОЛИМПИЈА- ИЛ се и камионските стакла, како и стакла за трактори, багери и други градежни машини, кои имаат специфични карактеристики и кои ги внесовме во нашата понуда за да можеме да одговориме на барањата на клиентите.

Контакт информации
Адреса
Улица: Ул. Индустриска бб, 1200 Тетово
Град: Тетово
Држава: Македонија
