ХОТЕЛ →Подетално за компанијата
На самиот влез во Националниот парк Пелистер, само четири километри од Битола, се наоѓа семејниот Хотел ШУМСКИ ФЕНЕРИ – место каде што природата, удобноста и традицијата се спојуваат во совршена хармонија. Хотел нуди топло добредојде, комфорни соби и пријатна атмосфера која ќе го направи вашиот престој незаборавен. Во ресторанот можете да уживате во вкусна домашна и интернационална кујна, подготвена со свежи и квалитетни продукти.
Опкружен со планински предели и чист воздух, ШУМСКИ ФЕНЕРИ е идеално место за љубителите на природата, планинарите, семејствата, бизнис патници на кои им е потребно квалитетно и тивко сместување и сите оние кои сакаат мирен одмор далеку од градската врева. Изберете го Хотел ШУМСКИ ФЕНЕРИ за вашето следно патување – совршена почетна точка за истражување на Битола, Пелистер и богатата историја на регионот.


Хотел ШУМСКИ ФЕНЕРИ работи од 1988 година и речиси четири децении е симбол на традиција, удобност и гостопримство во Битола. Со своето повеќедецениско искуство, топла семејна атмосфера и уникатна локација, Хотел ШУМСКИ ФЕНЕРИ е вистинското место за престој во Битола.
Хотел ШУМСКИ ФЕНЕРИ располага со модерно опремени еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби, како и апартмани, кои нудат комфор и пријатна атмосфера за секој гостин. Сите соби се опремени со сопствено купатило, клима уред, бесплатен Wi-Fi и телевизор.
Ресторанот на Хотел ШУМСКИ ФЕНЕРИ е место каде што гастрономијата и традицијата се среќаваат. Во топла и пријатна атмосфера, опкружена со природна убавина, ќе уживате во внимателно подготвени јадења со свежи и квалитетни состојки. Нашето мени нуди комбинација од македонска традиционална кујна и интернационални специјалитети, подготвени со љубов од врвен кулинарски тим. Сезонските продукти и локалните вкусови се во срцето на понудата на ресторанот.
Просторниот ресторан и убавата градина се совршени за семејни ручеци, романтични вечери, деловни состаноци или свечености. Дозволете си гастрономско доживување и уживајте во вкусот на традицијата во ресторанот на Хотел ШУМСКИ ФЕНЕРИ.

Контакт информации
Адреса
Улица: Село Трново, 7000 Bitola
Град: Битола
Држава: Македонија




