Filters
Пребарување
ВИПРО дооел
Е-пошта: vipro@t.mk
Club economy

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ВИПРО се занимава со преработки од овошје и зеленчук

- Македонски традиционални специјалитети (домашни и индустриски ајвари, лутеница, пинџур)
- Кисела програма (пиперка, цвекло, корнишони, потпечен зеленчук)
- Слатка програма (слатка и џемови од смокви, јагоди, дуњи)
- Вакуумирана програма (кисела зелка, мешана салата)

СЕРТИФИКАТИ

ISO 9001 : 2008
HACCP / ISO 22000:2005
IFS

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Малопродажни трговски синџири и продавници. Потенцијални соработници за извоз. 

Подетално за компанијата

 

ВИПРО

ВИПРО дооел од Гевгелија е компанија од преработувачката индустрија на храна, која прва го воведе home-made видот на производи во индустриско производство, како што се домашниот ајвар, лутеницата, пинџурот, слаткото и слични други преработки од зеленчук и овошје.

 

КВАЛИТЕТНА ХРАНА

Стратегијата на ВИПРО е да учествуваме на домашниот и меѓународниот пазар со здрава, вкусна, сигурна и квалитетна храна. Притоа, го ревитализираме вкусот на нашите баби и дедовци, односно дел од вкусовите од Југоисточна Европа, Медитеранот и Македонија, кои се пример за здрава храна.

 

ТРАДИЦИОНАЛНИ РЕЦЕПТИ

Производството се остварува со користење на стари традиционални домашни рецепти и користење на суровини од нашето пошироко подрачје. Многу од начините за квалитетна и успешна обработка на суровините се уште се применуваат на традиционален начин, посебно модернизирани за индустриско производство.

 

ДИСТРИБУЦИЈА

Производството на ВИПРО е успешно дистрибуирано во САД, Канада, Австралија, Англија, Нов Зеланд, Германија, Австрија, Шведска, Данска, Швајцарија, Чешка, Косово, Јордан, Обединети Арапски Емирати, и екс-југословенските држави.

Image Description

ВИПРО произведува вкупно шест групи на производи:

  • Специјалитети од зеленчук (домашен ајвар, лутеница, малиџано, медитерански пинџур, селски пинџур, закуски со црн патлиџан, домати и тиквици, пасти од маслинки, пасирани домати...)

  • Кисела програма (корнишони, феферони, лути бабурчиња, цвекло, пиперки, лист од зелка...)

  • Сладка програма (слатко од јагоди, слатко од диви смокви, слатко од зрели смокви, слатко од тиква, слатко од дуња, слатко од портокал, мармалад од сливи, мармалад од зрели смокви, џем од кајсија...)

  • Делукс програма (специјалитети од зеленчук кои се направени со посебно внимание на производствениот процес и квалитетот на суровината)

  • Потпечена програма (потпечени пиперки, тиквички, модар патлиџан...)

  • Вакуум програма (цела зелка, лист од зелка, мешана салата)

Овие групи имаат различни ВИПРО брендови, односно: Vipro Tradition, Vipro Sunny Taste, Vipro Fresh Morning, Vipro De Luxe, Grillco и VISAN.

Image Designers
Image Designers

„Випро производите се дар од боговите"

Императив на фирмата е да ги услужи потрошувачите со соодветни, сигурни, квалитетни, здрави и вкусни производи.

Image Designers
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Индустриска бр. 60, село Прдејци, 1480 Гевгелија
Град: Гевгелија
Држава: Macedonia


Социјални медиуми

Лице за контакт

Надја Вегова


Мапа

Документи