Filters
Пребарување
ЖИТО дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Добредојдовте во приказната за ЖИТО МАРКЕТИ (ДПТУ „ЖИТО“ ДООЕЛ Велес), компанија која се занимава со продажба на мало на стоки за широка потрошувачка. Ланец од 75 маркети во 22 општини во Македонија.

zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy

35 години Жито Маркети, 35 - годишна традиција почната од мала семејна продавница

zito-marketi-clubeconomy

Жито Маркети годинава одбележува 35 години од своето основање.

Во изминатите три и пол децении, Жито Маркети успеаа да изградат силна позиција на пазарот на една од најуспешните компании. Денес, компанијата располага со близу 80 маркети низ поголемиот дел од државата претставувајќи синоним за успех и традиција во која се втемелени вредности во активности поврзани со трговијата и малопродажбата, со силен тим од над 900 вработени.

zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy

Подетално за компанијата

Од отворањето на првата продавница во Велес, во далечната 1988 година, па се до денес, компанијата ЖИТО успеа да изгради ланец од 61 супермаркети распространети во 22 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица, Свети Николе, Охрид. Со нашите повеќе од 900 вработени претставуваме препознатлив бренд во својата област, а многубројните признанија ни даваат поттик да продолжиме да работиме и да ги направиме ЖИТО маркети подостапени за сите.

zito-market-clubeconomy

Започнувајќи и продолжувајќи и денес како семеен бизнис успехот го постигнавме преку специфичниот начин на работа, секогаш фокусирајќи се на потрошувачот. Во ниту еден момент не отстапуваме од основните постулати врз кои се потпира нашиот концепт за работа: ниски цени, љубезност и квалитет. Особено сме креативни во конципирањето на супер акциите, со супер избор на производи, по супер цени.

zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy

Еден од чекорите по кој се издвојуваме е и развој на сопствените брендови „5-ка”, „Mayonice“, „Традико “ што е многу значајно во работата на малопродажните ланеци, како за проширување на понудата, пред се, со пониски цени, така и за јакнење на довербата кај потрошувачите.

zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy
zito-market-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Благој Ѓорев бр. 166, 1400 Велес
Град: Велес
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа