Filters
Пребарување
АЕРУС дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата АЕРУС се занимава со откуп и преработка на шумско овошје и шумски печурки

- ПЕЧУРКИ: смрчак, ѓурѓевка, вргањ, лисичарка, јачарка, рујница
- ОВОШЈЕ: шумска боровница, шумска капина, шипинки, шумски јагоди, асталски капини, асталски малини

Два шок тунела за длабоко замрзнување до -35 степени, и со складишен капацитет од 120 тони

Сушара со капацитет на сушење од 3 до 4 тони овошје и печурки за 24 часа

Подетално за компанијата

 
откуп, преработка и извоз на шумско овошје и шумски печурки

АЕРУС

 

Компанијата АЕРУС дооел постои од ноември 2003 година со единствена цел на странските пазари, но и на македонскиот пазар да им понуди производи кои претставуваат вистинско богаство кое нашите кооперанти го собираат во македонските шуми и во кујните на најпребирливите потрошувачи да донесеме вистинска магија на вкусови, од најеколошки чистите предели на Македонија.

АЕРУС дооел се занимава со откуп, преработка и извоз на шумско овошје и шумски печурки. Се наоѓаме во источниот дел од Македонија во градот Пробиштип, со тоа што откупот го организираме на целиот источен дел од државата, каде има голема традиција за собирање на шумски плодови. Исто така соработуваме и со кооперанти и од другите делови на Македонија. АЕРУС успеа да воспостави беспрекорна организација на откупот од стотина добавувачи и организирани берачи, што е пресудно за квалитетот на крајните производи. Откупените плодови за само неколку часа доаѓаат во нашиот погон за преработка, со што добиваме максимален квалитет, баран на европските пазари.

Компанијата располага и со модерен погон и најсовремена опрема за преработка и чување на шумските плодови. Имаме инсталирано два шок тунела за длабоко смрзнување на овошје и печурки, до -35 степени и капацитет за складирање од 120 тони шумски плодови и шумски печурки на -20 степени. Воедно располагаме и со сушара со капацитет на сушење од 3 до 4 тони дневно.

Производите што ги нудиме на пазарот се со врвен квалитет, а најдобра потврда за тоа е фактот што нив главно ги пласираме во: Италија, Шпанија, Швајцарија, Германија и Словенија.

Печурки

aerus-clubeconomy

Смрчак - morchella conika

aerus-clubeconomy

Ѓурѓевка - calokybe gambosa

aerus-clubeconomy

Вргањ - boletus edulis

aerus-clubeconomy

Лисичарка - camtarelius cibarus

aerus-clubeconomy

Јачарка - amanita cezare

aerus-clubeconomy

Рујница - lactarius deliciosus

Шумско Овеошје

aerus-clubeconomy

Шумска боровница

aerus-clubeconomy

Шумска капина

aerus-clubeconomy

Шипка

aerus-clubeconomy

Шумски јагоди

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Миро Барага бр. 1Г, 2210 Пробиштип
Град: Пробиштип
Држава: Македонија


Телефони

+389 (0)78/421 131

Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа