Filters
Пребарување
ФОДУЛМАК дооел

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

Компанијата ФОДУЛМАК се занимава со:

- Неспецијализирана трговија на големо
- Трговија со храна
- Млечни производи
- Дистрибуција

СЕРТИФИКАТИ

ISO 22000: 2005 / HACCP
ISO 9001

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СМЕ ЗА СОРАБОТКА СО:

Заинтересирани за соработка со маркети, ресторани, пицерии, хотели...

Подетално за компанијата

ФОДУЛМАК

Компанијата ФОДУЛМАК дооел на македонскиот пазар постои од 2011 година, со основна дејност неспецијализирана трговија на големо. Во текот на нашето работење како трговци, пред се, со прехранбени производи, стекнавме големо искуство што не натера да размислуваме за проширување на работењето и започнавме со производство на млечни производи и нивна дистрибуција.

fodulmak-clubeconomy
fodulmak-clubeconomy

Трговија со храна

Основна дејност на ФОДУЛМАК е снабдување со секаков вид прехранбени производи на јавни и приватни коминтенти, со безпрекорно квалитетна и навремена достава на продуктите на дневно ниво. Како креатори, производители, увозници и дистрибутери успеавме нашите производи да ги позиционираме во голем дел од државните институции, приватни угостителски објекти и супермаркети. Наша цел е да станеме број 1 компанија во оваа дејност, која безусловно ќе асоцира на посветеност, сериозност и квалитет во работата.

Согласно законските прописи имаме имплементирано HACCP систем и други сертификати добиени за квалитет на производите и за дистрибуција на македонскиот пазар.

Производство на млечни производи

Кога започнавме со производство на млечни производи се водевме од идејата на потрошувачите да им понудиме сирење, кашкавал и урда исти како што ги правеле и јаделе нашите предци. Специфичниот вкус на нашите производи се добива со користење на традиционалната метода за производство на сирење и кашкавал, но и од фактот што покрај оваа технологија при производството користиме само млеко и не употребуваме адитиви, конзерванси, како и други видови масти и додатоци за интензивирање на мирисот и вкусот или за забрзување на процесот.

Млекото го купуваме исклучиво од кооперанти, чии фарми се строго контролирани и кои гарантираат за квалитетот на кравјото и овчото млеко што ни го продаваат. Сепак, за да бидеме сигурни за квалитето на производите, секојдневно правиме анализа на млекото што влегува во производниот процес.

Во моментов на пазарот може да се најдат четири наши млечни производи и тоа: кравјо сирење, мешано сирење, кравји кашкавал и кравја урда, но веруваме дека наскоро оваа понуда на сирења ќе порасне.

fodulmak-clubeconomy
fodulmak-clubeconomy
Вкусот на Македонија!
Млечни производи произведени по традиционални рецепти од кратовскиот регион.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Ул. Браќа Галеви бр. 18, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт