Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?
Успешна фирма и задоволни работници.
На работа сте осамен волк или капитен на тимот?
Капитен на тимот.
Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?
На татко.
Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?
Не.
Се чуствувате ли и Вие така?
Понекогаш.
Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?
Фрустрација.
Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?
Да, но не се пресудни.
Конкуренцијата – пријател или непријател?
Преферирам пријатели. Но, има и непријатели.
Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?
Работи за да живееш подобро, а не за да заработиш многу.
Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?
Многу тенка.
Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?
На домашен терен.
Страствено или пасивно следите спорт? Кој?
Пасивно, го следам секој позначаен настан (светско, европско и слично).
Филм или театар?
Театар.
Книга за на плажа?
Понекогаш.
Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...
Имајте јасно поставена цел, целосна посветеност и уживајте во работата.