SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








Новогодишни подароци за Вашите вработени

Новогодишни подароци за Вашите вработени

Купувањето убави подароци е навистина предизвик. Вашите вработени играат важна улога во успехот на вашиот бизнис па затоа оваа сезона, можете да ги наградите со подароци кои се уникатни и персонализирани за нивните специфични интереси. Подароците што ги избирате за вработените откриваат што чувствувате за нив. Давањето вистински подарок испраќа сигнал дека го разбирате тоа лице - а секој сака да се чувствува разбран и ценет од страна на нивниот шеф!

Новогодишните прослави се за заедништво и забава. Кога планирате новогодишна забава, многу е важно да се изберат вистинските подароци за сите ваши членови на персоналот. Секој вработен во фирмата, па дури и во вашиот дом, за време на новогодишните празници заслужува неговата работа и труд да бидат ценети, а се и најдобриот начин да направите тие да се чувствуваат посебно и важно. Кога купувате подароци за своите вработени, тешко е да одлучите што да подарите. Без разлика дали вашиот буџет е голем или мал, со сигурност треба да помислите на сите личности и нивните различности.

Прво, најдобри подароци се времето и парите. Ако сте во можност да понудите новогодишен бонус, направете го тоа. Ако сте во можност да му дадете на вашиот тим платен одмор, дефинитивно сторете го тоа! Ако сте во можност да ги направите овие работи наместо давање подарок, тогаш, честитки! 

Но постојат и многу други идеи за корпоративни подароци кои можете да ги одберете за вашите вработени. Ако сакате да го надминете основното заблагодарување или кутијата со  чоколади, ние во Club Economy направивме листа со која ќе ви помогнеме при изборот.

  • За да му помогнете на тимот да ги следи/организира своите состаноци, обврски, мисли и цели, подарете им планер.
  • За светските патници во вашата компанија, персонализирани картички за багаж можат да направат забавен и практичен подарок.
  • За оние кои преферираат чај, можете да подарите метални корпи за чај. Тоа ќе им овозможи да уживаат во сите свои омилени вкусови и сорти на чај, во канцеларијата и дома.
  • Растенијата се одличен десктоп и канцелариски декор. Бонсаи дрвото е прилично лесно за одржување и е симбол на финансиско изобилство.
  • Доколку сакате да подарите традиционален подарок, часовникот е секогаш добар избор.
  • Торбите се исто така многу практичен подарок. Вработените во нив можат да го носат својот лаптоп и други материјали, па дури да ги користат за патување илични излети.
Leave your comment