ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








15 Прашања за Данче Кратовалиева - менаџер на Клучар Баже

15 Прашања за Данче Кратовалиева - менаџер на Клучар Баже

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Главен мотив ми се успешно завршена работа и задоволни муштерии.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Нашата работа е тимска , се дополнуваме едни со други, се консултураме и се договараме за да на крај работата се заврши професионално, брзо и квалитетно.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

На Татко.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „воркохолици„?

Секако дека не може, најуспешни се оне кои ќе го најдат балансот меѓу работата и приватниот живот. Енергијата за работниот ден се надополнува од домот, семејството, љубовта, пријателите и патувањата.

Се чуствувате ли и Вие така?

Не, јас сакам да работам многу, но успеав да најдам баланс.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Со добра организација и добар тим, работата под dead line ми изгледа како спортски натпревар со добар резултат на крај.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Да, природно е човек да сака да се натпреварува и мислам дека таквиот дух, ги турка работите да одат напред.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Јас конкуренцијата ја доживувам како пријател, кој ме поттикнува да се надградувам и усовршувам постојано.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Find a group of people who challenge and inspire you, spend a lot of time with them, and it will change your life.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Се трудам да ја задржам улогата на мајка, сопруга, пријателка.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Традиционален, со тивка музика, добро уреден и вкусна храна.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Ракомет и кошарка кога игра репрезентацијата. Пасивно.

Филм или театар?

Театар

Книга за на плажа?

Tвојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери... 

Секогаш  работете напорно, бидете искрени, размислувајте како професионалец, не потценувајте никого, почитувајте го туѓото време.           

 

Оставете коментар
Коментари
06.11.2019 20:57
Sovrshena vo sekoj pogled