ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Макпрогрес ја пушти во употреба новата фабрика за производство на вафли

Макпрогрес ја пушти во употреба новата фабрика на брендот Винчини за производство на вафли, инвестиција вредна 8,5 милиони евра, реализирана за само шест месеци со ангажман на домашни градежни компании, инженери и изведувачи.

Новата фабрика располага со две современи производни линии за производство на вафли, наменети за домашниот пазар и за повеќе од 60 извозни пазари на кои се присутни производите на Винчини.

Со пуштањето во работа на новите капацитети, Макпрогрес веднаш отвора 40 нови работни места, додека во текот на следната година се предвидени уште 40 дополнителни вработувања. Инвестицијата ќе овозможи зголемување на производствените капацитети и извозот на Винчини за околу 30 проценти, создавајќи нови можности за раст на компанијата и дополнително зајакнување на нејзината позиција на меѓународните пазари.

Обраќајќи се пред присутните, претставниците на Макпрогрес истакнаа дека оваа инвестиција претставува уште една потврда за посветеноста на компанијата кон континуиран развој, технолошка модернизација и создавање нова вредност за македонската економија.

„По исклучително тежок период и големите предизвици со кои се соочивме, денес испраќаме силна порака дека Макпрогрес продолжува да инвестира, да расте и да создава нови можности. Оваа фабрика не е само нов производствен капацитет, туку симбол на истрајност, доверба во сопствените сили и верба во иднината на македонската индустрија“, беше истакнато на настанот.

Со оваа инвестиција Макпрогрес продолжува да ја реализира својата долгорочна стратегија за развој, иновации и зголемување на извозот, потврдувајќи ја својата позиција како една од најголемите и најуспешни македонски прехранбени компании.