Голем број компании го познаваат ClubEconomy по секојдневните промотивните пораки што ги добиваат од нас на маил. Денес e-mail маркетингот се смета за една од најмоќните маркетинг алатки, без разлика на кој бизнис сектор му припаѓате или колкав е вашиот маркетинг буџет. Оваа алатка е и една од најевтините маркетинг чекори кои може да ги превземете како компанија. Наједноставен начин да го проверите тоа е ако само ги споредите цените за 10.000 испратени маилови и 10.000 печатени и разделени флаери. Разликата е 1 : 1000. А ефектот и можноста за интеракција е 100 : 1 во корист на e-mail маркетингот. Последнава година, верувајте ни, ова секој ден го гледаме. Контактирајте не и самите ќе бидете сведоци.
Според неколку светски истражувања за секој 1 долар потрошен на e-mail маркетинг повратниот ефект за компанијата, во просек, е 44,25 долари.
Во 2014. со помош на e-mail маркетингот се направени 25,1 % од сите Black Friday online распродажби, повеќе од било која друга достапна маркетинг алатка. Овој тренд на популарност продолжува да се зголемува уште повеќе во последниве години, а според аналитичарите, ќе продолжи да расте. Се додека има e-mail адреси ќе има и e-mail маркетинг.
Како едни од пионерите на e-mail маркетингот во Македонија, ClubEconomy постојано се обидува да ја усоврши оваа наша услуга и да ги следи светските трендови. Од таа причина би сакале да споделиме со вас неколку совети за подобри и поуспешни e-mail кампањи.
Неговото височество Google
Се повеќе нашите мобилни телефони стануваат незаменливи за проверување на нашиот e-mail, пребарување на интернер, читање вести, facebook, instagram..., и уште илјадници други мобилни апликации поврзани со нашиот секојдневен живот... Тоа е една и од главните причините поради која GOOGLE ги поставува мобилните верзии како приоритетни. Иако некогаш делува фрустрирачки што треба постојано да ги следите стандардите на GOOGLE кои често знаат да се менуваат, со фактите не може да се расправаме, па така мобилниот телефон од 2015 година е најупотребуваната алатка за сурфање на интернет.
Тоа е главната причина поради која e-mail промотивните пораки мора да се намалат. Според новите стандарди големината на вашите e-mail маркетинг кампањи не треба да биде поголема од 600 пиксели во широчина, за да бидат едноставно читливи на сите уреди. Исто така, не смеат да биде и преоптоварени со слики и податоци, за да може едноставно да се отвара пораката, без разлика каква и да е вашата интернет конекција. Според истражувања направени минатата година во Америка, најефективните e-mail маркетинг промоции имале од 50 до 125 зборови.
Кратки и слатки
expr 911461148 + 877452933