ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Патничкото осигурување на Еуролинк отсега покрива и КОВИД-19

Патничкото осигурување на Еуролинк отсега покрива и КОВИД-19

Околностите за целиот свет се променија, а патувањата од задоволство станаа предизвик за сите нас. Еуролинк осигурување го прилагоди своето патничко осигурување со цел да одговори на овие предизвици и да им помогне на своите клиенти повторно да патуваат безгрижно!

Започнувајќи од 01.10.2020 година, со Измени и дополнување на Условите за патничко осигурување, обезбедуваме проширување на покритието и со тоа најдобро решение за патничко осигурување на пазарот. Измените и дополнувањата предвидуваат:

  • Проширено покритие за патничко осигурување кое покрива трошоци за лекување од КОВИД-19 во итен случај
  • Дополнително покритие на сите патни трошоци за непланирано враќање во земјата поради лекување од КОВИД-19 во итен случај. Патните трошоци за превоз ќе бидат покриени за осигуреникот, членовите на потесното семејство и возилото со кое патувале доколку заради лекувањето враќање со возилото не е возможно.

ПАТУВАЈТЕ БЕЗГРИЖНО!

Оставете коментар