SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








15 Прашања за Костадин Маренчев - менаџер на Зона Експрес, Гевгелија

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Сите наши соништа можат да станат реалност, само ако имаме xраброст да ги оствариме. Тоа е мојот мотив кој го следам сите овие години. Сакам да го слушам своето срце, да бидам човек од доверба и да имам почит од вработените што сакаат да вложуваат во себе, сакаат да учат.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Приказната во секоја фирма ја градат самите вработени. Сакам тие да се чувствуваат убаво и така да ја оствариме заедничката цел. Во добро и во лошо да сме секогаш заедно, како големо семејство и така да ја надминеме секоја препрека. Значи, капитен на тимот.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Иделен менаџер нема. Јас секојдневно сум подготвен да ја пронајдам секоја аномалија, празнина и да ја надминам или пополнам. Да го направам големиот чекор и да се грижам за своите луѓе.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Многумина мислат дека за да имаш успех треба да бидеш воркохолик. Да работиш многу, заради што не можеш да уживаш во животот. За да ужувате во сопстевниот живот ви се потребни добар план, одлична стратегија и поставување на реални цели.

Се чуствувате ли и Вие така?  

Ја сакам мојата работа и уживам во начинот и темпото со кои ја реализирам поставената цел. Нормално има падови и искачувања, но тоа ме исполнува и ме мотивира, да сакам да ја реализирам големата цел. Се додека секој ден работам го зголемувам богатството на мојот ум и дух. Ова богатство е поважно од било кое материално богатство, бидејќи тоа ми го обезбедува внатрешниот мир и преку него ја разбирам вистината за животот.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Dead line го сметам како редовен предизвик за успешна работа. Овој притисок за мене е големо задоволство.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Натпреварувањето не е мојата цел, конкуренцијата ја сметам како позитивна страна. Пред се, сакам моите вработени да се задоволни.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Ја сакам конкуренцијата и ја ценам многу. Без конкуренција не ќе можевме да дојдеме до тоа што сме денес.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Дваесет години од денес ќе бидете поразочарани од работите што не сте ги направиле, отколку од оние што сте ги направиле. Mark Twain

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Во нашата фирма има средна граница и сите сме како фамилија. Сами ја играме улогата на менаџмент, од секого имам поддршка кога има период на падови.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Ресторан со традиционална храна, топло друштво и тивка музика.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Страстен спортист полн со адреналин, го сакам ракометот се пронаоѓам во него.

Филм или театар?

И двете ги сакам, се зависно од периодот. Филм само ако има мотив и некоја инспирација.

 Книга за на плажа?

Мојот татко Пабло Ескобар - Хуан Пабло Ескобар.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери... 

Биди подготвен на секаков ризик и секакви падови, најважно е да ти биде пријатно, удобно, топло во фирмата со твоите вработени. Профитот се остварува со поголем напор и најбитно е да имаш голема цел. Сакај ја конкуренцијата, таа те надоградува. Никогаш не ќе можеш да го дадеш тоа што го немаш. 

Leave your comment
Comments
3/27/2019 12:31 PM
Bravo za Dine mlad i uspesen menadzer!!!
3/27/2019 3:20 PM
Браво,единствен менаџер со работничко одело пример за еднаквост кон сите вработени
3/27/2019 6:48 PM
Bravo Dine  prodozi napred  zaedno so nas
3/28/2019 5:14 AM
Odlicen si Dine so tvojata profesijonalnost, tocnost, pravecnos si ja zavrsuvas rabotata korekno, daj boze mnogute menadzeri da nalikuvaat na tebe, togas ke ima brza  uspesna zavrsena rabota.🙏😊