SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








15 Прашања за Благој Козовски - менаџер на Кинг Трејд доо, Кочани

15 Прашања за Благој Козовски - менаџер на Кинг Трејд доо, Кочани

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Да се носи одговорноста за една компанија е задоволство и предизвик во исто време. Да остане нешто позади тебе, како што велат, е движечка сила на секојдневните одлуки кои не ретко се тешки. А за да оставиш нешто позади себе треба да можеш да ги предвидиш однапред ризиците и секогаш да имаш „план за акција“.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Капитенот е тој што го избира тимот, а потоа и го води. Jасни насоки и строго дефинирани задачи на секој од тимот, како и подеднаква заложба на секој еден од нас, креира успешна приказна. Според мене, во модерениот менаџмент нема место за осамени волци. Зад успешен менаџер стои успешен тим.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

Идеален менаџер би бил спој од двете, татко во смисла на безусловна поддршка во секоја ситуација и војсководец во смисла на давање мотив и сила за извојување на секоја битка, остварување на секоја цел.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Во денешно време да. За да бидеш успешен мораш во секое време да бидеш во тек со настаните. Само на тој начин ништо нема да те изненади и ќе можеш да се справиш со сите предизвици кои ги носи „титулата“ менаџер, а тоа по default те прави воркохолик.

Се чуствувате ли и Вие така?  

Во поголемиот дел од времето да.

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Успешното реализирање на задачите при работа на повеќе полиња во одреден рок знае да биде фрустрирачки, но доколку истите се реализирани успешно и со исполнување на зацртаните цели во дадениот рок претставува задоволство.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

Себиси се сметам за амбициозна личност со натпреварувачки дух која сака да го надоградува своето знаење, секој ден да научи нешто ново што секако претставува предуслов за успешност на бизнисот.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Сите знаеме дека во теорија, конкуренцијата е здрава и носи резултати. На конкуренцијата гледам како на пријател подготвен да соработува со мене, што е позитвно за развојот на бизнисот.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Секогаш можеш повеќе и подобро.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Со оглед на тоа дека сум менаџер на семеен бизнис и потесниот круг од семејството е вклучен директно во работата, па би рекол нема граница меѓу бизнисот и семејството.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Кога сум со добро друштво и во пријатна атмосфера местото и не е толку битно.

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Страствено следам фудбал и сум голем fan на Манчестер Јунајтед.

Филм или театар?

Преферирам театар, меѓутоа начинот и темпото на живот моментално не ми дозволуваат да посетувам театар колку што би сакал.

Книга за на плажа?

The Essays of Warren Buffett: Lessons for Corporate America

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Секогаш гледајте ја големата слика. Парцијалноста ве носи до погрешни одлуки.

Leave your comment