ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








15 Прашања за Борјан Тошевски – менаџер на ПРИМАТЕКС Скопје

15 Прашања за Борјан Тошевски – менаџер на ПРИМАТЕКС Скопје

Кој Ви е главниот мотив во менаџерската професија?

Мојот мотив како управител или менаџер на компанијата е да ја развивам  и управувам организацијата врз основа на доверба и почит, да градиме вакви меѓусебни односи внатре, пред се, во компанијата, но и надвор од неа, се со цел да се носат и спроведуваат квалитетни одлуки. Мислам дека во нашето општество многу недостасува меѓусебните односи да ги градиме врз основа на доверба и почитување, без разлика дали се работи за компанија или нешто друго.

На работа сте осамен волк или капитен на тимот?

Еден од моите најголеми ангажмани е токму правењето добри тимови со дорбри лидери, што значи се гледам како капитен на тимот. Осамениот волк не е тимски играч, тој сака работите да ги заврши сам, што не е добро за компанијата.

Кој лик е поблизок до идеалниот менаџер: на татко или на војсководец?

И ова, исто така, зависи од ситуацијата. Некогаш ваквите амбиции се многу битни за успехот во одреден дел на бизнисот, но не и пресудни. Како поранешен спортист имам натпреварувачки дух, но во водењето на компаниите е малку поинаку. Некои викаат дека се е натпревар, што до некаде е и точно, но овие утакмици, водењето на компании, не завршуват и постојано се појавуваат нови играчи.

Може ли по default да се каже дека сите менаџери се „ворхохолици“?

Не. Можеби оние кои се и основачи и менаџери на компаниите на самите почетоци додека ја развиваат компанијата се воркохолици, мора да бидат. Инаку мислам дека на долг рок е неодржливо. Се разбира дека има и исклучоци.

Се чуствувате ли и Вие така?  

Не, напротив, се трудам да одвојам доволно време за семејството и за себе, односно да не ја носам работата дома. Сметам дека еден од поголемите успеси на менаџерите е токму тоа, да ги менаџираат луѓето за да им останува време за себе и за семејството. 

Зголемениот адреналин од работењето под dead line притисокот за Вас е слатко задоволство или фрустрација?

Моногу зависи од ситуацијата, би требало во нормални услови да е слатко задоволство доколку е само времето притисок, а ги имаме другите ресурси, инаку се друго би било фрустрација.

Дали мислите дека имате поизразени натпреварувачки амбиции и колку тие се пресудни за успешноста на бизнисот?

И ова, исто така, зависи од ситуацијата. Некогаш ваквите амбиции се многу битни за успехот во одреден дел на бизнисот, но не и пресудни. Како поранешен спортист имам натпреварувачки дух, но во водењето на компаниите е малку поинаку. Некои викаат дека се е натпревар, што до некаде е и точно, но овие утакмици, водењето на компании, не завршуват и постојано се појавуваат нови играчи.

Конкуренцијата – пријател или непријател?

Пријател во однос на развојот на компанијата. Ако нема конкуренција нема да има и напредок. Но, сите ја гледаме и како непријател и се стремиме секогаш да сме подобри од конкуренцијата.

Омилено бизнис мото или народна мудрост на која често се потпирате?

Да ги остваруваш целите на чесен и праведен начин.

Како „пливате“ кога не сте менаџер, односно колку е цврста границата меѓу бизнисот и Вашето семејство?

Сега за сега добро „пливам“. Се трудам да не ја носам работата дома, што за мене многу e битно со оглед на тоа што се работи за семејна фирма. Да не се носи работата дома е голем успех на секој менаџер, бидејќи немаме стриктно определено работно време. Не смее сите да бидат окупирани со бизнисот на компанијата.

Во атмосферата на кој ресторан се чувствувате свој?

Немам таков ресторан се уште. 

Страствено или пасивно следите спорт? Кој?

Се уште сум аматерски активен со спорт, но во последно време пасивно го следам, за разлика од порано кога бев страствен навивач на фудбалски и кошаркарски клубови.

Рекреативното занимавање со спорт е многу битно за менаџерите. Особено тимските спортови го намалуваат стресот. Здраво е, а од искуство велам дека се доѓаат и до добри идеи.

Филм или театар?

Многу повеќе сакам театар, глумата е многу подобра. Се се случува во моментот, не се повторува, што значи се гледа целата уметност на една сцена. Но, повеќе гледам филмови заради нивната достапност. Одам и во театар секако. 

Книга за на плажа?

Претежно белетристика која ќе ме релаксира, но знам баш на плажа да прочитам и книга за некој период од историја. Обавезно носам книги на одмор, многу ме релаксираат, заедно со чувството дека сум на одмор со семејството и блиски пријатели.

Како менаџер со искуство, една Ваша порака до идните менаџери...

Да се свесни дека треба да учат и тоа многу за да можат да непредуваат, за да градат здрави организации, да веруваат во себе и во другите и да ги почитуваат.

Оставете коментар