На 18. мај 2019, по втор пат во организација на Хотел Гогов ќе се одржи #ПехчевоНаТочак2019. Оваа авантуристичка тура ќе започне во 09:00 часот од плоштадот во Пехчево, на 1000 метри надморска височина.
Од Хотел Гогов напоменуваат дека идеата за повотрно одржување на овој настан е да го разбудат авантуристичкиот дух, да поттикнат дружење, создавање нови пријателства, да им дадат шанса на учесниците да ги истражат и доживеат убавините на пехчевската природа и Малешевијата!
Од страна на организаторот за секој учесник ќе биде обезбедено сендвич, вода, овошје, енергетски пијалак, магнезиум, десерт и маица за возењето на турата, а на ЦЕЛТА (исто така на плоштадот во Пехчево), ќе има коктел забава, со музика во живо.
На оваа велосипедска трка може да учествува секое полнолетно лице кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински терен и има соодветна опрема.
Велосипедската патека ќе биде одбележана со соодветни знаци и е долга 26 км. Целата патека може да ја погледнете на следниот линк.
За дополнителни информации за рутата, следете го настанот на:
Facebook | #ПехчевоНаТочак2019