SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








Класа на ламинат - кој модел е соодветен за вашите простории?

Класа на ламинат - кој модел е соодветен за вашите простории?

При изборот на ламинат, покрај стилот и бојата кои се важни од естетски аспект и постигнување ентериерна целина, особено е битно да се земе во предвид и класното рангирање. Кај ламинатите, рангирањето е индикатор за степенот на издржливост и трајност при секојдневно користење и абење на истиот.

Системот на рангирање на ламинатите, познат како „Абразиона класа“ (АС), за прв пат воведен од Асоцијацијата на Европски Производители на Ламинат (ELPF), за подоцна да биде усвоен како стандарден систем за рангирање на ламинатите во целиот свет.  Рангирањето на АC класата е претставено во интервал од 1-6, односно АС1 наменет за простории со многу ниска фреквенција на движење до АС6 за високофреквентни, комерцијални простори. Класата се доделува согласно резултатите кои секој од моделите ќе ги постигне при вршење на специфични тестови: флекање, удар, топлина, влага, директна изложеност на светлина, гребење стружење. Во случаи кога ламинатот нема да помине еден од тестовите, истиот не се класифицира и се означува како неадекватен за сертификација. Наша препорака е никогаш да не избирате ламинат кој не е рангиран.

 

Значење на поединечните класи за рангирање
  • Ламинатни подови со рејтинг AC1 се соодветни за употреба во станбени простории со мало оптоварување односно многу мала фреквенција на движење. Овде спаѓаат спални соби или на гостински соби.
  • Ламинатни подови со рејтинг AC2 се соодветни за употреба во станбени простории со средно отповарување. Овде спаѓаат трпезарии и дневни соби.
  • Ламинатни подови со рејтинг AC3/31 се соодветни за употреба во станбени простории со зголемена фреквенција на движење. Овде спаѓаат било кои простории од домови за живеење, како и хотелски соби или помали канцеларии.
  • Ламинатни подови со рејтинг AC4/32 се препорачуваат за употреба во деловни простории со средно оптоварување. Овде спаѓаат прометни деловни простории, како и кафе барови или продажни салони.
  • Ламинатни подови со рејтинг AC5/33 се адекватни за употреба во деловни простории со зголемен проток на луѓе. Овде спаѓаат јавни згради, магацини или изложбени салони.
  • Ламинатни подови со рејтинг AC6/34 се наменети за комерцијални простории од било каква намена и многу висока фреквенција на движење

Асортиманот на ламинати кои ги нуди Лав Комерц е од реномирани европски производители, со дебелини од 7 mm-14mm и високи АC4/32 и AC5/33.

Автор на текстот: Лав Комерц 

 
Eurolink