ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
 








Компанијата „Алмеро“ донира душеци за Клиниката за инфективни болести

Компанијата „Алмеро“ донира душеци за Клиниката за инфективни болести

На денешниот итен состанок со министерот за здравство Венко Филипче, компанијата „Алмеро“ одлучи да донира душеци за Универзитетската клиниката за инфективни болести во Скопје.

Во време на криза и вонредна состојба во нашата земја, како резултат на светската епидемија со коронавирусот и болеста КОВИД-19, компанијата „Алмеро“ излегува во пресрет на потребите за дополнително опремување на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Имено, на денешниот состанок со министерот за здравство на Република Северна Македонија, Венко Филипче, менаџментот на „Алмеро“ одлучи да донира свои душеци на клиниката.

„Алмеро“ е компанија која се грижи за луѓето и навистина ни е драго што во оваа ситуација можеме со нашите производи, со душеците, да помогнеме условите на клиниката да бидат што подобри и пациентите да лежат на нови и квалитетни душеци. Искрено се надеваме дека нема да има потреба од нив во оваа ситуација, дека бројот на заболени ќе биде што е можно помал, но во случај да треба – душеците ќе бидат таму, вели Адем Агиу, менаџер на „Алмеро.

Компанијата „Алмеро“ е основана во 2003 година и е единствената специјализирана фирма за производство на душеци во нашата земја. Во сите овие години „Алмеро“ е општествено одговорна компанија која со свои донации многупати има излезено во пресрет на потребите на граѓаните на С. Македонија и, секако, и во иднина стои на располагање доколку се јави потреба од тоа.

Оставете коментар
Коментари
10.10.2020 08:36
http://mewkid.net/when-is-xuxlya/ - Amoxicillin <a href="http://mewkid.net/when-is-xuxlya/">Amoxicillin 500mg Capsules</a> lzo.mkxe.clubeconomy.mk.acd.kl http://mewkid.net/when-is-xuxlya/
10.10.2020 08:59
http://mewkid.net/when-is-xuxlya/ - Amoxicillin Online <a href="http://mewkid.net/when-is-xuxlya/">Buy Amoxicillin</a> fuu.subz.clubeconomy.mk.zvm.lv http://mewkid.net/when-is-xuxlya/