Една од најстарите млекарници во Македонија, позната по извонредниот квалитет и уникатниот вкус на своите производи, Бучен Козјак, за уште повеќе да се доближи до купувачите, го редизајнираше корпоративниот идентитет, како и поголем дел од производите: јогурт, свежо млеко, кисело млеко и сурутка.
И покрај тоа што во основата на нашите вредности традицијата и фамилијарноста се одлучивме за овој радикален редизајн од повеќе причини:
- Погполемо приближување кон купувачите.
- Прифаќање на естетските преференции на помладите генерации.
- Следење на светските трендовите во дизајнот на амбалажата на млечни производи.
- Новите стандардите за дизајн во македонската млечна индустрија.

Чистиот, минималистички и строг дизајн се одлика на зрелоста и јасната визија на млекарницата. А, храбрата различност што производите на БУЧЕК КОЗЈАК ја носат на полиците со новиот дизајн на амбалажата, е одлика на врвниот квалитет и технологија на производство.
На целокупниот редизајн во БУЧЕН КОЗЈАК им претходеше модернизација и инвестиција во технологијата на производниот процес и контрола, со што производите ги доведовме до највисок квалитет.

- Во процесот на редизајнирање влеговме одлучно, но и претпазливо, со намера да пренесеме јасна пораката дека сме подготвени за динамиката на сегашноста и идината. Ова не е само редизајнирање на амбалажата, туку нов концепт на размислување, кој е во согласност со технологијата и времето во кое делуваме, а со почит кон традицијата и вредностите, изјави Анита Спасовска, генерален директор на БУЧЕН КОЗЈАК.
expr 884524907 + 876968929