SEARCH COMPANY
Filters
Search
 








НОВ МЕБЛИНГ ИЗЛОЖБЕН САЛОН И СЕРВИСЕН ЦЕНТАР ЗА МАШИНИ ЗА ОБРАБОТКА НА ДРВО

НОВ МЕБЛИНГ ИЗЛОЖБЕН САЛОН И СЕРВИСЕН ЦЕНТАР ЗА МАШИНИ ЗА ОБРАБОТКА НА ДРВО

Меблинг го отвори новиот ИЗЛОЖБЕН САЛОН И СЕРВИСЕН ЦЕНТАР за машини за обработка на дрво, лоциран на само 13 км од центарот на Скопје, во близина на с. Мирковци.

Сопствениците на Меблинг дооел, Камче Милчов и Милка Милчова, им сезаблагодарија на сите присутни за нивната поддршка и долгогодишна соработка и го најавија настанот САЕМ ДОМА 2024 кој ќе се одржи во нивниот нов изложбен салон од 17 до 20 април. Сите заинтересирани може да го посетат саемот на кој ќе има голем број изложени машини, одлични цени, промоции, обуки, презентации и изненадувањата за посетителите.

Новиот објект е со вкупно 1200м2, и покрај изложбениот салон за машини за дрвна индустрија и производство на мебел има исала за обуки за работа со софтверот Corpus 3D, сала за обуки за работа со ЦНЦ машини за обработка на дрво и мебел, канцеларија за 3D принтинг; сервисен центар за одржување на машините како и магацински простор.

Меблинг е компанија основана 2008г. и основна дејност и е увоз, продажба и сервис на машини за обработка на дрво. Во широката понуда можете да најдете сè, почнувајќи од основни машини за обработка, до високопродуктивни машини и aвтоматизирани центри за oбработка, или како што вели нивното мото - „СÈ ЗА ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА“.

Застапници се за машини за дрвна индустрија на австриската компанија Фелдер Груп, поточно за брендовите Felder, Hammer, Format4 и Mayer, за кои го нудат и  целото портфоило на производи.

Фелдер Груп е водечка компанија во светот за производство на машини за обработка на дрво. Со повеќе од 68 години искуство позади себе и над 800 вработени, Фелдер Груп произведува над 180 различни видови на машини, како и софтвери и автоматизирани и роботизирани решенија.

На отворањето на Изложбениот салон присутни беа претставници од Фелдер Груп од Австрија, на чело со Извршниот директор г-дин Хансјорк Фелдер, претставници од Австриската амбасада во Р. Македонија, претставници од општината Чучер-Сандево, како и голем број на клиенти, соработници и пријатели на Меблинг дооел.